Останато

Ерјона Јонузи потпиша за словачкиот шампион Слован Братислава

Сподели
ФОТО: VK Slovan Bratislava
Сподели

Македонската одбојкарска репрезентативка Ерјона Јонузи во новата сезона ќе го носи дресот на словачкиот шампион Слован Братислава, кој официјално го потврди нејзиниот ангажман.

Јонузи, која настапува на позицијата техничар, во моментов се наоѓа на подготовки со сениорската репрезентација на Македонија за претстојните Медитерански игри во Таранто. Во изминатите две сезони успешно ги бранеше боите на Нове Место, а одличните настапи и во клубот и во националниот тим беа доволна препорака за интересот од актуелниот словачки шампион.

Двете страни потпишаа едногодишен договор, а македонската репрезентативка верува дека преселбата во Слован Братислава ќе претставува значаен чекор во нејзиниот понатамошен кариерен развој.

„Трансферот во Слован Братислава претставува голем чекор во мојата кариера и чест ми е што ќе бидам дел од еден од најреномираните клубови во Словачка. По неколкуте сезони поминати во словачкото првенство, верувам дека ова е вистинската средина за мојот понатамошен развој и напредок. Како репрезентативка на Македонија, секогаш се стремам да го дадам својот максимум и на теренот и надвор од него. Моја цел е да му помогнам на тимот да оствари значајни резултати и заедно да се бориме за највисоките позиции. Со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната, запознавањето со новите соиграчки и можноста заедно да создадеме успешна приказна“, вели Ерјона Јонузи.

Јонузи интернационалната кариера ја гради во последните две години, додека потекнува од редовите на тетовска Шкендија, настапуваше и за Универзитет во Тетово, како и за Работнички Скопје, со кој има и шампионска титула.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во...

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот...

Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!