Кошарка

КК Пелистер ги претстави Сапунџиев и Златевски како нови засилувања во тимот

Сподели
Сподели

КК Пелистер продолжува со формирањето на тимот за сезоната 2026/27, а клубот претстави уште две нови засилувања. Иван Сапунџиев е четвртото, а Виктор Златевски петтото ново име во ростерот на битолскиот состав.

Сапунџиев се враќа во Пелистер, каде што настапуваше во периодот од 2022 до 2024 година, играјќи во домашното првенство и во АБА лигата. Искусниот бек, роден на 13 мај 1995 година во Скопје, е висок 197 сантиметри и зад себе има богата кариера во македонската кошарка. Покрај Пелистер, настапувал и за Карпош Соколи, Фени Индустри, Вардар и ТФТ Скопје.

Петтото засилување е 25-годишниот бек Виктор Златевски, кој потпиша едногодишен договор со клубот и ќе му се приклучи на тимот на почетокот на подготовките за новата сезона. Тој доаѓа од Феникс 2010, а претходно беше дел од Гостивар, Работнички и ФМП Академија. Во младинските категории го носеше и дресот на репрезентацијата на Македонија до 18 години.

Златевски зад себе има успешна сезона во која бележеше просек од 10,7 поени, 1,6 скока и 2,6 асистенции по натпревар, а со неговото ангажирање Пелистер дополнително ја засилува бековската линија пред почетокот на новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!