Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Гевгелија и Скопје домаќини на Европското првенство за кошаркари до 16 години

Сподели
Сподели

Гевгелија, заедно со Скопје, од 6 до 15 август ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 16 години – Б Дивизија, на кое ќе учествуваат 22 национални селекции од цела Европа.

Натпреварите од групите А и Б ќе се играат во спортската сала „26 Април“ и во салата НБ „Ноел“ во Гевгелија. Организаторите ги завршија сите подготовки, а спортските објекти се целосно адаптирани и подготвени за организација на овој значаен меѓународен настан.

Во групата А ќе настапат Словачка, Ирска, Португалија, Црна Гора и Холандија, додека во групата Б ќе се натпреваруваат Македонија, Украина, Швајцарија, Хрватска, Исланд и Кипар.

Организацијата на ова првенство претставува големо признание за Гевгелија и уште една потврда дека градот успешно се етаблира како домаќин на големи спортски манифестации.

Од КК Кожув ги повикаа љубителите на кошарката да ја исполнат салата и да им дадат силна поддршка на младите македонски кошаркари, а воедно им посакаа добредојде на сите репрезентации, гости и навивачи кои ќе бидат дел од шампионатот. Нека победи спортот!

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!