Останато

Американската коректорка Џејд Вотсон е ново големо засилување на Пелистер Волеј

Сподели
ФОТО: ОК Пелистер Волеј
Сподели

Одбојкарскиот клуб Пелистер Волеј продолжува активно да го комплетира ростерот за новата сезона, а второто големо засилување доаѓа од Соединетите Американски Држави. Нов член на битолскиот клуб е Џејд Вотсон, која од новата сезона ќе го носи дресот на Пелистер.

Станува збор за одбојкарка родена во 2003 година, која настапува на позицијата коректор и е висока 186 сантиметри. Во Битола пристигнува од престижниот универзитетски тим Лајф Универзитет од Мариета, Џорџија, каде зад себе остави одлични настапи.

Вотсон својата одбојкарска кариера ја започнала во Атланта Бум Волејбол Клуб, по што продолжила во Цунами Волејбол Клуб, а потоа и во А5 Волејбол Клуб во Розвел, Џорџија. Следниот чекор во нејзината кариера бил Лајф Универзитет, од каде сега пристигнува во македонскиот вицешампион.

Американката зад себе има импресивна сезона 2025/26, во која беше избрана во првиот идеален тим на ССАЦ конференцијата, ја освои наградата за најкорисен играч (МВП) на својот тим, а се најде и меѓу десетте најдобри одбојкарки во конференцијата според бројот на освоени поени со напад, како и според просечниот број на поени по сет. Воедно, таа беше и еден од главните офанзивни адути и водечки реализатори на својот тим.



Во Пелистер Волеј очекуваат Џејд Вотсон да донесе дополнителен квалитет во нападот и да биде едно од најсилните офанзивни оружја на битолскиот состав во претстојната натпреварувачка сезона, во која клубот ќе има високи амбиции на домашната сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на европската фудбалска централа, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука...

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Поврзани написи
Останато

ОФМ ги подготвува судиите за новата сезона, отворен повик за нови судиски кадри

Судиската организација при Одбојкарската федерација на Македонија започна со подготовките за новата...

Останато

Две титули за Сара Митевска на турнирот во Скопје Југ Опен 2026

Младата македонска тенисерка Сара Митевска (16) со два трофеи го заврши настапот...

Останато

Дарио Ивановски го заврши маратонот на ЕП во Бирмингем на 46. место

Нашиот најдобар атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски, денес настапи на Европското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!