Второлигашот Пелистер минимално славеше на пријателскиот меч против прволигашот Шкендија Арачиново во гости со резултат од 0:1.
Стрелец на единствениот погодок беше Кире Ристевски кој погоди во 59. минута од средбата.
Инаку, токму Шкендија Арачиново во баражот славеше над Пелистер и со тоа битолчани испаднаа во Втора лига, а тимот од Арачиново обезбеди историски влез во елитата.
Пелистер новата сезона ја отвара против Камјани на домашен терен на 15 август, а пак Шкендија Арачиново ќе бара историски триумф во Првата лига на домашен терен против Силекс, откако во првото коло загуби од Струга Трим Лум во гости со 3:0.