Турнири

Вечерва на турнирот „Куклиш 2024“ ќе се одиграат три големо дерби натпревари!

Сподели
Сподели

Вечерва, во рамките на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, ќе се одиграат три дерби натпревари кои ќе бидат повеќе од супер-дерби натпревари. Секој од нив ќе привлекува големо внимание и ќе создаде неверојатна атмосфера во преполната сала.

Првиот дуел започнува во 19 часот, кога Јови МК ќе се соочи со Парналија Спор. За двете екипи, победата е од исклучителна важност, па се очекува натпревар со голема енергија. Во 20 часот, ќе следува уште еден интересен натпревар помеѓу Христмил Банско и Еам Дзурџу, кој ќе биде ново дерби на турнирот.

Последниот меч на денот ќе се игра во 21 часот, кога Христмил Банско ќе се судри со Винарија Здравко. Три натпревари, кои ќе бидат полни со атрактивни моменти и многу погодоци, ќе го направат овој ден незаборавен за љубителите на малиот фудбал.

Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!