Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Вардар гради страшен тим: Грозданова, Накова и Величкова нови засилувања, останува и Живиќ

Сподели
Сподели



Прволигашот Вардар кој минатата сезона беше дебитант во Првата женска фудбалска лига годинава е решен да гради тим кој ќе има високи дострели, а ако се погледнат имињата кои доаѓаат во скопскиот тим тогаш дефинитивно „вардарки“ ќе атакуваат на висок пласман и ќе направат „проблеми“ за титулата или можеби и директно ќе се вклучат во трката по истата.

Вардар се засили со репрезентативката Меланија Грозданова, фудбалерка за која интерес имаше од повеќе европски гиганти меѓу кои и Јувентус. Со Грозданова тимот на Вардар добива голем квалитет, доаѓа од редовите на Љуботен, а низ кариерата 17-годишната фудбалерка беше дел од Истатов, Скопје и Кул Здравје од каде и ја започна кариерата.

Во пакет од Љуботен со Грозданова доаѓа и Настасја Накова, која има 18 години и го носи дресот на репрезентацијата на Македонија.

Во минатото беше дел од Скопје, Цевитана и Тиверија Брера од каде и ја започна кариерата.

Ева Величкова е 17 годишна фудбалерка која исто така доаѓа од Љуботен во Вардар, се работи за фудбалерка која во минатото беше дел од Скопје и Џи-Џи од каде и ја започна кариерата, а исто така е дел од репрезентацијата на Македонија.

Дополнително покрај овие три засилување кои Вардар ги ангажираше од поранешниот шампион од Тетово, ја продолжи соработката со Јулија Живиќ.



25-годишната фудбалерка од Куманово во Вардар пристигна од Љуботен во јануари 2025 година, а претходно настапуваше за Шкендија, Љуботен, Скопје и Борец од каде ја започна кариерата, а пак меѓународна кариера градеше во Хрватска каде настапуваше за Ријека и на Кипар, каде го носеше дресот на Неа Саламина Фамагуста.

Минатата сезона Вардар беше дебитант во Првата женска фудбалска лига и заврши на седмото место со ефект од 6 победи, шест ремија и 15 бодови за 24 бодови. Но, за новата сезона „вардарки“ дефинитивно ќе целат кон висок пласман.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига со натпреварот меѓу Брегалница и Скопје, кој ќе се одигра во...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска главен судија на Реал Мадрид – ПСЖ, Елена Соклевска-Илиевска нејзина асистентка

Нов голем чекор во европската судиска кариера на Ивана Пројковска. УЕФА ѝ ја довери правдата на едно од најинтересните соочувања во првото коло...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!