Вечерва беа одиграни четири натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија.
Тимот на Мист Пласт со 0:3 го доби тимот на Супер Термини, кој потоа со истиот резултат загуби и од Магна.
КМФ Кратово со убедливи 1:5 триумфираше над Meta Pixels, а потоа се намачи во обид за втор триумф во иста вечер губејќи од Фаланга Штип со 3:4.



Утрешната програма нуди четири натпревари.
20:00 часот Meta Pixels – Радање
20:50 часот No Stop Transport – Каров Шпед Шкорпиони
21:40 часот Украс ИНК – Перо и Тајфата
22:30 часот Украс ИНК – Капе Верде
Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на овој спортски настан, кој се одржува во штипската населба Чардаклија.

