Турнири

ФОТО: ФАФА Транспорт со шест гола го декласираше Green’s Restoran, тесна победа за Вергови

Сподели
Сподели

Вечерва екипата на ФАФА Транспорт оствари висока и убедлива победа од 6:2 над тимот на Green’s Restoran, со што прокнижи лесни бодови на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“.

„Транспортерите“ лесно „прегазија“ за да стигна до овој голем триумф, а публиката проследи атрактивни погодоци.

Вила Клепало со по 3:0 ги доби мечевите со Изведен и Фенербахче и освои важни бодови за пласман во следната фаза.

Тесна победа вечерва однесе составот на Вергови кој со 6:5 го доби тимот на ФАФА Транспорт.

Утре на програмата ќе бидат четири натпревари, од кои два ќе бидат во пионерска конкуренција, а натпреварите се играат во 19 (Лукас Трејд и Green’s Restoran) и 19:30 часот (Бучим – Мил Бор).

Кај сениорите програмата се отвара во 20:30 часот со мечот меѓу Слога Злеово и Леон Транспорт, а пак еден час подоцна Црна Река оди на мегдан со Оливер Промет.

Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан кој се одржува во радовишкото село Ораовица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Мал Ајакс го преживеа Кратово и во Штип се враќа со три бода

Повеќе од неизвесен беше дуелот на Кратово и Мал Ајакс, каде гостинот од Штип кој лани испадна од елитата славеше со 2:3, во...

Трета лигаФудбал

Прв „кикс“ на Победа, Млекар до првиот бод, Бучин слави над Победа од Пепелиште

Прилепска Победа го направи првиот „кикс“ откако одигра 0:0 против Венец во Долни Дисан на отварање на 7. коло на Трета лига регион...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!