РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија има група по мерка: Против Белгија и Велс, за првпат и против Казахстан

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација ќе се натпреварува во групата Ј во квалификациите за Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико. Покрај Македонија, во оваа група се и Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн.

Квалификациите започнуваат во март 2025 година за групите со пет репрезентации, додека групите со четири репрезентации ќе стартуваат во септември истата година.

Првопласираните од групите директно ќе обезбедат пласман на СП 2026, додека второпласираните ќе играат бараж. Во баражот ќе се приклучат и четири најдобри селекции од Лигата на нации кои не успеале да се квалификуваат преку групната фаза.

Овој Мундијал ќе биде прв во историјата со 48 учесници, што отвора нова можност за „рисовите“ да го остварат својот сон за прво учество на светско првенство.

Македонија претходно се има соочено со Белгија и Велс во квалификации, но за првпат ќе игра против Казахстан. На последните квалификации, македонската селекција го освои второто место во групата, во баражот ја елиминираше Италија, но потоа беше поразена од Португалија.

Светското првенство ќе започне на 11 јуни 2026 година и ќе трае до 19 јули 2026 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!