Кошарка

Перо Блажевски нов координатор и тренер на младинската школа на КК Кожув

Сподели
ФОТО: КК Кoжув
Сподели

Кошаркарскиот клуб „ КК Кожув“ продолжува со зајакнување на својата младинска структура, откако за нов младински координатор и тренер на младинската школа го назначи Перо Блажевски.

Со своето долгогодишно искуство, стручност и посветеност во работата со млади кошаркари, Блажевски ќе има клучна улога во развојот на младинските категории на клубот. Негова задача ќе биде да го координира процесот на работа во младинската школа, да го следи развојот на играчите и да придонесе кон создавање квалитетен систем за идните генерации.

Во клубот веќе се работи на подготовка на долгорочна стратегија чија цел е унапредување на квалитетот на тренажниот процес, зголемување на бројот на деца во младинската школа и создавање оптимални услови за нивен правилен спортски и личен развој.

Перо Блажевски зад себе има богата и успешна домашна и интернационална кошаркарска кариера. Во текот на своите играчки години ги бранеше боите на повеќе реномирани клубови, меѓу кои Работнички, МЗТ Скопје, Никол Ферт, Куманово, Приштина, Лузитанија (Португалија), Хелиос Домжале (Словенија), Кастриоти, Вардар, Мабетекс, а својата играчка кариера ја заврши токму во КК Кожув во 2013 година.

Во текот на кариерата беше и стандарден член на сениорската репрезентација на Македонија, со која настапуваше на бројни меѓународни натпреварувања, стекнувајќи драгоцено искуство на највисоко ниво.

По завршувањето на активното играње, Блажевски успешно ја започна и тренерската кариера. Работеше како асистент-тренер во Струмица и Работнички, а беше дел и од стручниот штаб на сениорската репрезентација на Македонија, каде дополнително го надгради своето тренерско знаење и искуство.

Со неговото доаѓање на позицијата младински координатор и тренер на младинската школа, КК „Кожув“ добива докажан кошаркарски работник кој ќе биде задолжен за создавање и развој на нови генерации таленти. Неговото богато играчко и тренерско искуство претставува силна основа за реализација на долгорочната стратегија на клубот, насочена кон квалитетна работа со младите, зголемување на бројот на деца во школата и создавање кошаркари подготвени во иднина да го носат дресот на сениорскиот тим на Кожув.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!