Ракомет

Младост Богданци го задржа искусниот Зоран Стојановски

Сподели
Сподели

Повратникот во ракометната Супер лига, Младост од Богданци активно работи на формирањето на ростерот за новата сезона.

Во дресот на клубот од Богданци и во новата сезона ќе настапува искусното лево крило Зоран Стојановски, кој беше еден од важните алки во тимот што избори пласман во Супер лигата. Со своето долгогодишно искуство, Стојановски претставува значајна поддршка и лидер на теренот, но и пример за помладите ракометари во екипата.

Велешанецот својата ракометна кариера ја започна во школата на Борец, а во текот на годините настапуваше и за Овче Поле, Борец ФЛ, Голден Арт и Тиквеш, градејќи богато искуство кое сега ќе го стави во функција на Младост и во суперлигашката конкуренција.

Покрај формирањето на ростерот, раководството на клубот интензивно работи и на реконструкцијата и уредувањето на спортската сала „Млаз“, со цел значително да се подобрат условите за тренинг, одигрување натпревари и престојот на навивачите.

Во наредниот период Спортска Мрежа ќе ја следи реконструкцијата на салата и ексклузивно ќе ја пренесе атмосферата од обновувањето на еден од најпознатите ракометни објекти во Македонија. Салата „Млаз“ со години важеше за вистинска неосвоива тврдина, а во минатото често се велеше дека екипата која ќе победи во Богданци е најсериозен кандидат за шампионската титула.

Со задржувањето на искусниот Стојановски и паралелните вложувања во инфраструктурата, Младост Богданци испраќа јасна порака дека сака достоинствено да се претстави во својата прва сезона меѓу најдобрите македонски ракометни клубови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!