Ракомет

Добри вести од ЕХФ – Македонија доби уште едно место во Лигата на Европа!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Додека македонскиот шампион и во сезоната 2027/28 ќе зависи од евентуална вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, ситуацијата е далеку поповолна кога станува збор за Лигата на Европа. Новиот рејтинг на Европската ракометна федерација ѝ донесе на Македонија дополнителен бенефит во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

Според клупскиот ранкинг на ЕХФ, кој ги опфаќа резултатите од сезоните 2023/24, 2024/25 и 2025/26, Македонија направи значителен исчекор. Нашата федерација се искачи од 14. на 10. место со коефициент 33.00, што носи уште едно место повеќе во Лигата на Европа.

Тоа значи дека доколку македонскиот шампион добие вајлд-карта за Лигата на шампионите, второпласираниот и третопласираниот тим од Супер Лигата директно ќе обезбедат место во групната фаза од Лигата на Европа.

Такво сценарио не беше можно за претстојната сезона. Иако постоеше надеж дека и Охрид ќе биде промовиран во Лигата на Европа, тоа не се случи, па Македонија остана со само еден претставник во групната фаза – Еурофарм Пелистер.

Новиот рејтинг, сепак, отвора многу подобри перспективи за македонските клубови во европските натпреварувања од сезоната 2027/28, бидејќи успешните настапи во изминатите три години донесоа значителен напредок на националната листа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!