Кошарка

Еден од најголемите кошаркарски тренери доаѓа во Скопје за едукација на македонските тренери

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите македонски кошаркарски тренери дека годинашната задолжителна тренерска клиника ќе се одржи на 24 и 25 август во Скопје, а главен предавач ќе биде еден од најтрофејните и највлијателни европски стручњаци – Светислав Пешиќ.

Станува збор за тренер чие име повеќе од четири децении е симбол на врвни резултати, лидерство и кошаркарска експертиза. Член е на Куќата на славните на ФИБА, европски и светски шампион со репрезентации, освојувач на Евролигата и еден од најценетите тренерски авторитети во светската кошарка.

Во рамките на дводневната клиника, Пешиќ ќе го сподели своето богато знаење и искуство со македонските тренери преку серија стручни предавања и практични сесии.

Клиниката е наменета за сите кошаркарски тренери во Македонија, а присуството е задолжително, бидејќи претставува еден од основните услови за добивање тренерска лиценца за натпреварувачката сезона 2026/27.

Учесниците ќе имаат можност одблиску да се запознаат со современите тренерски принципи, методологијата на работа и филозофијата на еден од најуспешните европски кошаркарски стратези, што претставува значајна можност за стручно усовршување на домашната тренерска фела.

Дополнителни информации за програмата на клиниката, местото на одржување и начинот на пријавување ќе бидат објавени во наредниот период.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Кошарка

Тиквеш убедлив против дебитантот Штип, МЗТ Скопје пак го доби Куманово, победи за Работнички, Кожув и Пелистер

Пет натпревари, пет различни приказни, но заеднички епилог – МЗТ Скопје Аеродром,...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат...

Кошарка

Крива Паланка и Баскет Кам 2011 за првиот трофеј во новата сезона: Суперкупот носи голема пресметка

Новата сезона во женската кошарка во Македонија започнува со директна пресметка за...

Кошарка

КФМ го одржа претсезонскиот семинар за судии, делегати и контролори

Во организација на Судиската комисија при Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!