Прва лигаФудбал

Прволигашот Беса се раздели со пет фудбалери – ќе има „ремонт“ во тимот!

Сподели
Сподели

Прволигашот Беса од Добри Дол кој е дебитант во Првата македонска фудбалска лига започна со реконструкција во тимот за пролетната полусезона во која тимот ќе сака да го обезбеди опстанокот.

Тимот во пролетниот дел ќе го води Бобан Бабунски кој ќе биде нов тренер на Беса, а тој ќе биде дури трет кормилар во тековната сезона, откако истата ја започна Александар Таневски, тренерот кој ја внесе Беса во Прва лига, кратко дојде Берат Имери, а сега на тренерското столче седнува Бабунски.

Беса се раздели со пет фудбалери односно со Малиќ Бељули, Илирид Адеми, Емир Скендери, Филип Алексовски и со Генц Гаши. Веќе тимот работи на ангажман на нови засилувања со кои ќе се подига квалитетот за пролетниот дел, во кој Беса ќе атакува на директен и сигурен опстанок.

Беса есенскиот дел го заврши на десеттото место или во бараж зоната со 13 бодови, а пролетниот дел го отвара против Воска Спорт во Охрид.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!