Ракомет

Познат распоредот: Вардар на 27 јули ги стартува подготовките за новата сезона

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Македонскиот шампион Вардар ги утврди плановите за подготовките пред новата сезона, во која повторно ќе биде дел од елитната Лига на шампионите. Избраниците на Иван Чупиќ ќе го започнат новиот циклус на 27 јули, а летниот период ќе биде исполнет со тренинзи и силни контролни натпревари.

Првата прозивка е закажана за 27 јули во Скопје, кога ќе биде одржан и првиот официјален тренинг. По неколку дена работа во главниот град, „црвено-црните“ од 3 до 10 август ќе ја одработат главната фаза од подготовките во Маврово.

Потоа Вардар ќе настапи на двата традиционални летни турнири во Македонија. Најнапред ќе биде дел од турнирот во Струга, кој ќе се игра од 12 до 15 август, а веднаш потоа ќе учествува и на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, од 18 до 22 август.

Меѓу двата турнири, на 17 август во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, Вардар ќе го одигра и првиот официјален натпревар во новата сезона. Во рамките на регионалната лига, со почеток од 17:00 часот, противник ќе биде српскиот вицешампион Војводина.

ФОТО: РК Вардар

Набргу потоа, на 26 или 27 август, скопскиот состав ќе гостува кај Динамо Панчево во второто коло од регионалното натпреварување, додека на 2 септември ќе се бори за првиот домашен трофеј сезонава, кога во Супер Купот ќе се соочи со Охрид.

Во меѓувреме, Вардар значително го освежи ростерот. Нови имиња во составот се Милан Бомаштар, Мохаб Абделхак, Леон Љевар и Матео Фадуил, а шанса ќе добијат и младите македонски ракометари Бобан Поповски, Марко Ѓорчески и Никола Нечовски.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!