Ракомет

ГРК Овче Поле 1958 го формира тимот за новата сезона: Петровски е прво засилување, Стаменков останува лидер на екипата

Сподели
ФОТО: ГРК Овче Поле
Сподели

ГРК Овче Поле 1958 официјално ги започна активностите за формирање на тимот за натпреварувачката сезона 2026/2027. Раководството на клубот, во координација со стручниот штаб, интензивно работи на комплетирање на играчкиот кадар со јасна цел – да изгради конкурентен, квалитетен и амбициозен состав кој ќе биде подготвен да одговори на сите предизвици што ги носи новата сезона.

Од клубот потенцираат дека нивната определба останува непроменета – континуиран напредок, остварување што подобри резултати и достоинствено претставување на клубот, Свети Николе и навивачите.

Во рамки на подготовките за новата сезона, Овче Поле 1958 го промовираше и првото засилување. Нов член на тимот е Филип Петровски, кој настапува на бековската позиција.

Петровски своите први ракометни чекори ги направил во школата на Металург, а во досегашната кариера настапувал за Јуниор Кисела Вода, Металург РА и Драчево Јуниор. Од клубот веруваат дека неговиот квалитет, борбеност и победнички менталитет ќе претставуваат значајно засилување и ќе помогнат во исполнувањето на амбициите во претстојната сезона.

Покрај новото засилување, раководството обезбеди и продолжување на соработката со капитенот Кристијан Стаменков. Лидерот на тимот и еден од најважните играчи ќе продолжи да го носи дресот на ГРК Овче Поле 1958 и во новата сезона.



Стаменков со години е еден од столбовите на екипата и симбол на клубот, а со својата пожртвуваност, борбеност и капитенски дух останува пример како се брани клупскиот грб и како се игра со срце за своите бои. Пред него и неговите соиграчи се нови предизвици и нови битки, а капитенот повторно ќе ја предводи екипата во поход кон нови успеси.

Од ГРК Овче Поле 1958 најавуваат дека во наредниот период јавноста ќе биде запознаена и со останатите нови засилувања кои ќе го носат дресот на клубот во сезоната 2026/2027, а воедно упатија благодарност до сите навивачи, пријатели и поддржувачи за континуираната доверба и поддршка, истакнувајќи дека токму тие се нивната најголема мотивација.



Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Куманово со висок триумф над Јуниор од Доброшане, дебитантот од Крива Паланка тргна со пораз

Куманово со сигурна победа ја отвори новата сезона во Трета лига регион 2 откако триумфираше над Јуниор од Доброшане со 0:3. Андреј Јовановски...

Трета лигаФудбал

Големо Коњари со триумф ја отвори сезоната, Борец со „лото“ победа, едно реми со шест гола

Некогашниот прволигаш Борец убедливо ја отвори новата сезона во Трета лига регион 3 откако на домашен терен со „лото“ победа го декласираше Млекар...

Поврзани написи
Ракомет

Костов блесна против шампионот: 15 гола од 15 обиди за охриѓанецот!

Охриѓанецот Наум Костов одигра натпревар за паметење во дресот на Куманово и...

Ракомет

Пелистер, Алкалоид, Вардар и Тиквеш со победи во Супер лигата!

Четири натпревари од Супер машката лига донесоа очекувани победи на фаворитите, но...

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!