Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија ја декласира Грузија и продолжува во борбата за подобар пласман

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката младинска репрезентација на Македонија забележа убедлива победа над Грузија со 97:62 во првиот натпревар од разигрувањето за пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава.

Избраниците на селекторот Никола Велев од самиот старт го презедоа водството и со сигурна игра во нападот и цврста одбрана не му оставија многу простор на противникот. По првата четвртина Македонија водеше со 22:16, а одличната втора делница донесе двоцифрена предност и резултат 53:35 на полувремето.

Македонската селекција прикажа одлична тимска игра, а дури осуммина кошаркари се запишаа меѓу стрелците во првите 20 минути. Најефикасни во тој период беа Младеновски, Луканоски и Димитриев со по осум поени, додека Ќириловски додаде седум. Во текот на втората четвртина Македонија стигна и до највисоки 20 поени предност (44:24).

По паузата, македонските младинци продолжија со истото темпо. До средината на третата четвртина поведоа со 68:42, а пред последните десет минути имаа сигурни 78:53. Во завршницата само ја потврдија својата доминација, зголемувајќи ја разликата за конечни 97:62.

Дури петмина македонски репрезентативци натпреварот го завршија со двоцифрен број поени. Најефикасен беше Марко Луканоски со 16 поени и шест скока, Трајанов и Димитриев постигнаа по 13 поени, а Марјановиќ и Младеновски реализираа по 11.

Со овој убедлив триумф Македонија избори пласман во разигрувањето за позициите од 9. до 12. место на Европското првенство.

Во следниот натпревар, македонската репрезентација ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Холандија и Кипар, во борбата за што подобар конечен пласман во Братислава.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!