Кошарка

Започна преодниот рок во македонската кошарка за сезона 2026/2027

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели



Кошаркарската федерација на Македонија ги известува сите клубови дека официјално започнува преодниот рок за натпреварувачката сезона 2026/27, кој се однесува на сите сениорски и младински натпреварувања под организација на Федерацијата.

Согласно Регистрацискиот правилник на КФСМ, преодниот рок за сениорските лиги трае од 15 јули 2026 година и завршува 24 часа пред почетокот на вториот дел од сезоната во соодветното натпреварување.

Клубовите се должни најдоцна до 1 септември 2026 година да достават пријавна листа со најмалку осум играчи.

За младинските лиги, рокот за поднесување на пријавните листи со најмалку осум играчи е 20 август 2026 година, додека преодниот рок завршува на 1 септември 2026 година, со доставување на комплетната документација за регистрација на играчите.

Исклучок е лекарското уверение за тренинг и настап, кое може да биде доставено најдоцна 72 часа пред почетокот на првиот првенствен натпревар.

КФМ потсетува дека сите договори што се доставуваат за регистрација задолжително мора да бидат заверени на нотар. Кошаркарите и кошаркарките родени во 2008 година и постари потпишуваат прв сениорски договор, играчите родени од 2009 до 2012 година договор за спортско усовршување, а најмладите, родени во 2013 година и помлади, договор за тренинг и настап.

Право на премин во друг клуб имаат играчите на кои им истекол договорот, оние кои спогодбено го раскинале договорот со досегашниот клуб, играчите на кои договорот им е раскинат со правосилна одлука на надлежен орган на КФМ, младинските играчи кои не се на списокот на клубот за наредната сезона, како и играчите чиј клуб не се пријавил или се откажал од натпреварување.

Клубовите се потсетуваат дека пред поднесување на документацијата за регистрација на играчи задолжително треба да имаат обезбедено лиценца за учество во натпреварувањата на КФМ за сезоната 2026/27.



Во претстојната сезона остануваат на сила и пропишаните ограничувања за бројот на пријавени домашни и странски играчи по одделните сениорски лиги, како и правилата за настап и регистрација на младинските категории, вклучително и можноста за двојна лиценца за играчите родени во 2006 година и помлади, согласно Регистрацискиот правилник.

Преодниот рок се однесува на клубовите кои ќе се натпреваруваат во Супер лигата мажи, Првата лига жени, Првата македонска лига мажи, Втората лига жени, Аматерската лига мажи, како и во сите младински категории – М20, М18, М16, М14 и М12.

КФМ ги повикува сите клубови навремено да ги исполнат своите обврски и регистрациските постапки да ги спроведат во предвидените рокови, согласно Регистрацискиот правилник и пропозициите за натпреварување за сезоната 2026/27.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...

Кошарка

ГКК Штип го шокираше Пелистер среде Битола, МЗТ Скопје сигурен во градското дерби – Работнички останува лидер!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...

Кошарка

Работнички преживеа драма со Кожув за шеста победа, Тиквеш со голем пресврт ја освои Струмица!

Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...

Кошарка

Вардар и Бадел без пораз по четири кола, Крива Паланка го доби дербито со Баскет Кам – следува битка за врвот!

Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!