ОстанатоФудбал

ФОТО: Кочани се приклучи на меѓународната програма „KNVB WorldCoaches“ – фудбалот во служба на развојот на младите

Сподели
Сподели

Општина Кочани официјално станува дел од меѓународната програма „KNVB WorldCoaches – Фудбал за животни вештини“, која ја реализира Кралската холандска фудбалска федерација (KNVB) со поддршка на УЕФА. По тој повод беше одржана заедничка средба на која присуствуваше и амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел.

Претседателот на Советот на Општина Кочани, Александар Андов, истакна дека станува збор за проект кој има многу поголемо значење од самиот спорт.

„Денес имав чест, како претседател на Советот на Општина Кочани, да присуствувам на заедничката средба со амбасадорката на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Узлем Џанел, по повод вклучувањето на Кочани во оваа значајна меѓународна програма, реализирана од Кралската холандска фудбалска федерација (KNVB) со поддршка на UEFA.

Ова не е само проект за фудбал – ова е инвестиција во нашите деца и младите. Преку спортот тие ќе развиваат самодоверба, лидерски способности, тимски дух, почитување на различностите и здрави животни навики, а локалните тренери, наставници и волонтери ќе добијат современи знаења и алатки за работа.

Особено ме радува што во период кога Кочани вложува во развојот и закрепнувањето на заедницата, стануваме дел од иницијатива што ги промовира еднаквите можности, социјалната вклученост и позитивните вредности.

Благодарност до Амбасадата на Кралството Холандија, KNVB, UEFA и локалниот партнер ТАКТ за довербата и поддршката. Заедно создаваме подобри можности за идните генерации“, изјави Андов.

Програмата „KNVB WorldCoaches“ има за цел преку фудбалот да придонесе за личниот развој на младите, промовирајќи вредности како тимска работа, почит, еднаквост, лидерство и здрав начин на живот, додека тренерите и едукаторите ќе добијат современи методи и алатки за работа со младите генерации.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!