Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Најважно е Македонија да биде комплетна за стартот на квалификациите

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Селекторот Жозеп Марија Берокал порача дека најважно е Македонија да ги има на располагање сите репрезентативци, за националниот тим да настапи во најсилниот можен состав.

Македонската машка сениорска кошаркарска репрезентација ги дозна своите противници во втората рунда од претквалификациите за ФИБА Евробаскет 2029. Според ждрепката одржана во Минхен, Македонија ќе биде дел од групата „Ф“, каде што ќе ги одмери силите со Австрија и Кипар.

Осврнувајќи се на исходот од ждрепката, Берокал истакна дека и двете селекции се респектабилни противници и дека Македонија ќе мора максимално подготвена да ги дочека натпреварите. Тој потенцираше дека клучно ќе биде репрезентацијата да биде комплетна и сите повикани кошаркари да бидат подготвени за настап.

„Ја започнуваме втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот во месец август. Австрија и Кипар се добри репрезентации, доаѓаат од квалификациите за Светското првенство и ќе видиме што ќе ни донесат овие натпревари. Имаме шест недели до почетокот на подготовките, кои ќе бидат многу важни за нас, затоа што нè очекуваат тешки натпревари, а стартуваме со гостување во Австрија.“

Селекторот вели дека најголем приоритет е на располагање да ги има сите репрезентативци, за Македонија да настапи во најсилен состав.

„Најважно ми е да ги имаме сите играчи на располагање, добро да се подготвиме и се надевам дека сите ќе можат да се јават на повикот. Желбата ми е да играме во најсилниот ростер. Се надевам дека во август ќе го имаме најдобриот можен тим за дуелот со Австрија и успешно ќе ја започнеме оваа квалификациска рунда“, вели селекторот Берокал.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!