Турнири

ФОТО: Убедливи победи и реми на отворањето на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2026“

Сподели
Сподели

Со четири интересни натпревари вечерва започна овогодинешното издание на Меморијалниот турнир „Влатко Петров 2026“, кое и оваа година собра голем број квалитетни екипи и љубители на фудбалско игралиште во штипската населба Чардаклија.

Во првиот натпревар Тобис Агро со убедливи 5-2 го совлада составот на Каров Шпед Шкорпиони, а подоцна одигра возбудлив дуел против Not Stop Transport, кој заврши без победник 4-4.

Најефикасен натпревар вечерта одигра Техно Гума Мела, која со убедливи 15-2 ја совлада екипата на Чардаклија, додека Мист Пласт со службени 3-0 ја доби средбата против Магна.

Турнирот продолжува утре со три нови натпревари:

• 20:00 – Фаланга Штип – Meta Pixels

• 20:50 – Мист Пласт – Џоле Транс Коп

• 21:40 – Динамо Штип – Магна

 

 

 

И оваа година Спортска Мрежа е медиумски покровител на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“, а во текот на турнирот ќе обезбеди редовни извештаи, фотографии, резултати и најинтересните моменти од натпреварите.

На отварањето на турнирот присуствуваше и градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!