Младински фудбалФудбал

Младите надежи на Пелистер ги очекува богато лето – ќе ги одмерат силите со Панатинаикос, Хапоел, Макаби, Вардар и Работнички

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер ги започнува подготовките за новата сезона 2026/2027 со амбициозна програма за својата младинска школа. Во претстојниот подготвителен период, младите „зелено-бели“ ќе имаат можност да стекнат драгоцено искуство преку контролни натпревари и настапи на домашни и меѓународни турнири против реномирани противници.

Младинските категории на битолскиот клуб ќе ги одмерат силите со познати клубови и академии како Панатинаикос, Хапоел Хаифа, Макаби Петах Тиква, Вардар, Работнички и Брегалница, а на програмата се и дуели со репрезентацијата на Македонија (генерација 2010). Дополнително, ќе бидат одиграни и контролни средби против сениорските екипи на второлигашите Еуромилк и Новаци.

Посебно место во календарот има турнирот во Скопје, кој традиционално се организира во чест на Александар Пандовски – Панда. На овој силен турнир генерацијата 2008/2009 на Пелистер ќе настапи во исклучително квалитетна конкуренција заедно со Вардар, Работнички, Брегалница, репрезентацијата на Македонија (2010) и сениорскиот состав на Еуромилк.

Освен натпреварите во Македонија, младите фудбалери на Пелистер ќе учествуваат и на повеќе престижни турнири во Грција и Црна Гора, каде ќе имаат можност да се соочат со различни стилови на игра и да го продолжат својот фудбалски развој.



Од клубот истакнуваат дека овие натпревари и турнири се значаен дел од подготовките за новата сезона, со цел младите „зелено-бели бисери“ да стекнат нови искуства, да го подигнат нивото на својата игра и максимално подготвени да ги дочекаат предизвиците што ги носи сезоната 2026/2027.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!