Турнири

Подготовките за „Малеш Куп 2026“ во Берово се во полн ек

Сподели
Сподели



Подготовките за традиционалниот турнир „Малеш Куп Берово 2026“ се во полн ек, а организацијата веќе влегува во својата завршна фаза. На теренот кај Старата гимназија во Берово интензивно се работи на подготовка на условите за почетокот на еден од најатрактивните летни фудбалски турнири во Источна Македонија.

Турнирот ќе се одржи во периодот од 17 до 24 јули 2026 година, а и оваа година ќе донесе многу возбудувања, квалитетни натпревари и одлична спортска атмосфера.

На „Малеш Куп Берово 2026“ ќе настапат 10 екипи, поделени во две групи, кои ќе се борат за престижниот трофеј, пехарите и вредните награди. Организаторите најавуваат уште едно издание исполнето со неизвесни натпревари и вистински спортски спектакл.

Мотото на турнирот и годинава останува препознатливо: „Еден турнир. Една страст. Една Малешевија!“

Спортска Мрежа и оваа година ќе биде медиумски покровител на овој значаен спортски настан, кој веќе прерасна во традиција во Берово. Ќе има редовно известување за сите натпревари преку детални извештаи, фотографии, интервјуа, видео содржини и најнови информации.

Одбројувањето до почетокот продолжува, а љубителите на фудбалот веќе со нетрпение го очекуваат стартот на уште едно издание на „Малеш Куп“, кое и ова лето ќе го претвори Берово во центар на спортските случувања во Источна Македонија.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!