ИнтернационалциФудбал

Вардар го дозна следниот европски предизвик – против шампионот на Летонија во Конференциската лига

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Иако не успеа да ја продолжи својата авантура во квалификациите за Лигата на шампионите, Вардар останува на европската сцена. По драматичната елиминација од фински КуПС, „црвено-црните“ европскиот пат го продолжуваат во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, каде за противник ќе го имаат шампионот на Летонија – Рига.

Летонскиот претставник исто така пристигнува во ова натпреварување по елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите. Рига во двомечот беше поразена од ерменскиот Арарат со вкупни 4-3. По поразот од 2-0 на првиот натпревар, Летонците на реваншот славеа со 3-2, но тоа не беше доволно за пласман понатаму.

Првиот натпревар меѓу Вардар и Рига ќе се одигра во Скопје на 22 јули со почеток од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“, додека реваншот е закажан за 28 јули во главниот град на Летонија, а точниот термин дополнително ќе биде потврден од домаќинот.

За Вардар ова ќе биде прва официјална пресметка со клуб од Летонија на европската сцена. Македонскиот шампион ќе се обиде да ја искористи добрата игра од реваншот против КуПС и да направи нов исчекор во Европа.

Рига е релативно млад клуб, основан во 2014 година по спојувањето на Карамба и Динамо Рига, но за кратко време се изгради во една од најсилните екипи во летонскиот фудбал. Клубот досега освои четири шампионски титули, меѓу кои и последната во сезоната 2025, а домашните натпревари ги игра на стадионот „Сконто“ во Рига.



Двомечот со летонскиот шампион ќе биде нов голем европски тест за избраниците на Кристијан Фабијани, кои ќе се обидат да обезбедат место во третото квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Максути од пенал во 93. минута го реши дербито: Љуботен на „плус четири“ пред Скопје

Љуботен со гол од пенал во судиското продолжение го доби дербито против шампионот Скопје со 3:2 и ја зголеми предноста на врвот во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија ги дозна противниците во Лигата на нации, Андов: Верувам во потенцијалот на оваа генерација!

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. На денешната ждрепка, одржана во Нион,...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

ИнтернационалциФудбал

Чурлинов погоди по пет минути, но Погон остана без бодови и заврши со деветмина

Дарко Чурлинов повторно се запиша меѓу стрелците во полското првенство, но неговиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!