ИнтернационалциФудбал

Вардар беше на чекор до подвиг во Финска, но европскиот сон во Лигата на шампионите заврши по голема драма

Сподели
ФОТО: Принтскрин
Сподели



Македонскиот шампион Вардар со победа се прости од квалификациите за Лигата на шампионите, откако во реваншот славеше со 2:3 против финскиот КуПС, но тоа не беше доволно за пласман понатаму. По поразот од 0:2 во Скопје, „црвено-црните“ успеаја да ја надополнат негативата во регуларниот дел, но по драматичните продолженија финскиот првак со вкупни 4:3 обезбеди место во следната рунда.

Избраниците на Кристијан Фабијани од самиот старт покажаа дека немаат намера лесно да се откажат. Вардар беше поофанзивен, ја контролираше играта и првата голема можност ја имаше преку Бобан Николов, чиј удар заврши покрај голот. Финците возвратија пред паузата преку Армах, но Талески остана несовладан и на одмор се замина без голови.

Во продолжението Вардар продолжи да напаѓа, а наградата стигна во 59. минута. По центаршутот на Николов и дуелот со Азер Омерагиќ, домашната одбрана лошо реагираше, а топката заврши во сопствената мрежа за водство на македонскиот шампион од 0:1.

„Црвено-црните“ не застанаа тука. Во самиот финиш Герсон Родригеш беше соборен во шеснаесетникот, а по ВАР-проверката судијата покажа на белата точка. Горан Закариќ беше сигурен реализатор за 0:2, резултат со кој Вардар ја анулираше негативата од првиот натпревар и избори продолженија.

Дополнителните 30 минути донесоа вистинска фудбалска драма. КуПС прв зададе удар преку Армах, кој во 100. минута намали на 1:2. Само две минути подоцна следеше експресен одговор на Вардар, кога Пулејо ја затресе мрежата за 1:3 и повторно ги врати надежите за сензационален пресврт.

Сепак, радоста траеше кратко. Во 105. минута домаќинот доби пенал, кој Пјотр Паржижек го претвори во гол за 2:3. До крајот Вардар вложи максимални напори да постигне уште еден погодок кој ќе го одведеше понатаму, но финската екипа успеа да ја сочува предноста во вкупниот резултат и да избори пласман во второто квалификациско коло.



И покрај елиминацијата, Вардар остави далеку подобар впечаток отколку на првиот натпревар и покажа дека можел рамноправно да се носи со финскиот шампион. Европската приказна за македонскиот првак, сепак, не завршува тука. Вардар ќе го продолжи настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, каде за противник ќе го има поразениот од двомечот меѓу Рига од Летонија и Арарат од Ерменија.



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!