Втора лигаФудбал

Христи Бикоски нов кондиционен тренер на Брера Струмица

Сподели
Сподели



Прилепчанецот Христи Бикоски е нов кондиционен тренер на Брера Струмица, тој ќе работи во стручниот штаб на Ѓорѓе Стојчев во новата сезона од Втората македонска фудбалска лига која ќе стартува на 15 август.

Бикоски претходно работеше како кондиционен тренер во ракометниот клуб Прилеп, но работеше и индивидуални тренинзи со фудбалери од прилепскиот крај.

Ангажманот во Брера Струмица како кондиционен тренер е голема можност за Бикоски, кој е докажан спортист односно ракометар, но и голема можност да соработува со искусниот стратег Ѓорѓе Стојчев и да биде во клуб кој е одлично организиран.

Пред Бикоски е нов предизвик, но и одлична можност за напредок во кариерата, бидејќи веќе доста вложува во знаење кога е во прашање оваа тема.

Брера Струмица вчера ги започна подготовки за новата сезона, а во рамки на првото воведно коло ќе се соочи со Еуромилк од Горно Лисиче на домашен терен.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!