Втора лигаФудбал

ФОТО: Кожуф ги стартуваше подготовките: Дуганов нов тренер, пристигнаа две засилувања, закажани четири контролки

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Второлигашот Кожуф вчера официјално ги започна подготовките за новата сезона 2026/27, со првиот тренинг означувајќи го стартот на новиот натпреварувачки циклус.

Во гевгелискиот клуб владее позитивна атмосфера, а амбициите се јасни – подобар пласман од минатата сезона и сигурен опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Клубот го задржа костурот на тимот, а во новата сезона екипата ќе ја предводи Благој Дуганов, кој ќе биде нов шефот на стручниот штаб. Во неговиот стручен штаб ќе бидат и Стојче Крчев и Трајче Ников.

Кожуф веќе ги реализираше и првите две засилувања. Нови фудбалери на тимот се Саше Дуков, кој пристигнува од Детонит Плачковица, како и Марио Симоски од Осогово. Покрај нив, во моментов неколку играчи, претежно од источниот регион, се на проба, а раководството планира до почетокот на сезоната да ангажира уште пет до шест нови засилувања.

Во рамки на подготовките, Кожуф ќе одигра четири пријателски натпревари. На 25 јули ќе се сретне со Новаци, на 28 јули противник ќе биде Беласица, на 1 август ќе игра против Брера Струмица, додека генералната проверка пред стартот на првенството е закажана за 8 август против Детонит Плачковица.

Од клубот порачаа дека новата сезона ја започнуваат со голема мотивација и максимална посветеност.

„Нашиот прв тим ги започна подготовките за сезоната што е пред нас и го одработи првиот тренинг. Со нова енергија, голема желба и максимална посветеност, тргнуваме во нова битка за боите на клубот. Секој тренинг, секој натпревар и секоја минута на теренот ќе бидат борба за грбот што го носиме на градите и за сите кои живеат за овој клуб. Пред нас има многу работа, но веруваме во нашиот тим, во заедништвото и во поддршката од нашите верни навивачи“, велат од второлигашот од Гевгелија.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

Втора лигаФудбал

Охрид прв, но Работнички има натпревар помалку: Трката за есенски шампион во ВМФЛ е неизвесна

Охрид го задржа првото место, Пелистер остана веднаш зад него, а Работнички...

ИнтернационалциФудбал

Димитриевски ја сочува победата во Елче — пред Валенсија сега е тежок меч со Реал Мадрид

Столе Димитриевски со интервенција во судиското продолжение помогна Валенсија да освои значајни...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!