Турнири

Познати групите за Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“

Сподели
Сподели



Организаторот на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров 2026“ ги објави групите за овогодинешното издание на еден од најатрактивните турнири во источниот дел на Македонија, кој и ова лето ќе се одржи во Чардаклија, Штип.

На турнирот ќе настапат 20 екипи поделени во четири групи, а љубителите на малиот фудбал ќе имаат можност да проследат голем број возбудливи натпревари и неизвесна борба за пласман во елиминациската фаза.

Во Групата 1 ќе се натпреваруваат Мета Pixels, Камлес Градба, Фаланга Штип, Радање и КМФ Кратово.

Во Групата 2 се наоѓаат Динамо Штип, МАГНА, Мист Пласт, Цоле Транс Коп и Супер Термити од Битола.

Групата 3 ја сочинуваат Украс Инк, Чардаклија Сениори, Техногума-Мела, Шампиони и Перо и Тајфата.

Во Групата 4 ќе играат No Stop Transport, Tobis Agro, Blagica Kitchen, Каров Шпед – Шкорпиони и Компанија Атанасовски.

Турнирот и оваа година ќе понуди богат награден фонд од 350.000 денари, при што победникот ќе освои 180.000 денари, второпласираната екипа ќе инкасира 100.000 денари, третото место носи 50.000 денари, а четвртопласираниот тим ќе добие 10.000 денари.

Интересот за меморијалниот турнир и годинава е голем, а според составот на групите се очекуваат квалитетни и неизвесни натпревари уште од првата фаза, во чест на прерано починатиот Влатко Петров.



Дополнително, како што објави Спортска Мрежа, теренот во Чардаклија доби и нови современи трибини, а со тоа љубителите ќе имаат можност да уживаат во добрите натпревари во далеку подобри услови.

Спортска Мрежа и оваа година како и во изминатите пет години медиумски ќе го поддржи овој спортски настан од меморијален карактер.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа, откако тимот на Никола Гелевски славеше во градското битолско дерби против...

Прва лигаФудбал

Радески го реши дербито со Вардар, Струга Трим Лум се доближи до врвот – Башкими со важна победа против Арсими!

Струга Трим Лум освои три големи бода во трката за шампионската титула, откако на гостувањето во Скопје го совлада Вардар со минимални 0:1,...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!