Турнири

ФОТО: Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија доби трибини

Сподели
Сподели

Фудбалскиот терен во штипската населба Чардаклија, каде традиционално се одржува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“, за првпат доби трибини, со што значително се подобруваат условите за следење на натпреварите.

Новите трибини ќе овозможат поголема удобност за верната публика, која со години е составен дел од турнирот, а воедно му даваат и поубав изглед на самиот спортски комплекс. Со ова се очекува и уште подобра атмосфера за време на натпреварите, што дополнително ќе придонесе за квалитетот на оваа традиционална спортска манифестација.

Од организацискиот одбор на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ истакнаа дека со поставувањето на трибините конечно се реализирала долгогодишната желба на сите кои се дел од турнирот.

„Ги информираме верните гледачи, поддржувачи на Влатко Петров турнирот и воопшто сите љубители на спортот дека од денес имаат значително подобрени услови за следење на натпреварите. Со поставување на трибините се заокружува една целина и дамнешна желба на сите нас кои сме дел од Влатко Петров турнирот со години наназад. Во оваа прилика сакаме да се заблагодариме на Општина Штип и градоначалникот Иван Јорданов како еден од генералните покровители на турнирот, но и за разбирањето, соработката и поддршката кои ни ги пружат.“

Поставувањето на трибините претставува значаен чекор во унапредувањето на инфраструктурата на теренот во Чардаклија и уште една потврда дека Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ продолжува да расте и организациски да се развива, обезбедувајќи подобри услови и за учесниците и за бројната публика.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Димитриевски ја сочува победата во Елче — пред Валенсија сега е тежок меч со Реал Мадрид

Столе Димитриевски со интервенција во судиското продолжение помогна Валенсија да освои значајни три бода на гостувањето кај Елче. Македонскиот репрезентативен голман остана несовладан...

Прва лигаФудбал

Скопје и Силекс ремизираа без голови на „Железарница“

Прв бод за Иван Варадиновски како тренер на Скопје, Силекс пропушти можност да се доближи со третото место. Скопје и Силекс ремизираа на...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!