ИнтервјуМагазинРакомет

Ориол Реј Моралес: „Охрид секогаш ќе биде во моето срце!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Шпанскиот дефанзивец- Ориол Реј Моралес ја заврши својата успешна епизода во ГРК Охрид и кариерата ќе ја продолжи во полскиот гигант Висла Плок.

По потврдата за трансферот, Реј во краток разговор за Спортска Мрежа зборуваше за новиот предизвик што го очекува, за целите кои сака да ги оствари во новата средина, но и за емоциите со кои се разделува од Охрид.

ФОТО: ГРК Охрид

„Моите очекувања се да го дадам максимумот од себе и што побрзо да се вклопам во системот на новиот клуб. Како играч, отсекогаш сум сонувал  да настапам на Ф4 турнир.“

Осврнувајќи се на периодот поминат во Охрид, Реј истакна дека клубот, градот и навивачите засекогаш ќе имаат посебно место во неговото срце.

„Охрид секогаш ќе биде во моето срце. Оваа сезона бев навистина среќен и мислам дека го дадов максимумот за да му ја донесеме првата титула на градот. Сигурно е дека ќе ми недостигаат сите“- изјави Реј, ексклузивно за Спортска Мрежа.

Европскиот трофеј засекогаш ќе остане запишан во историјата на ГРК Охрид, а Ориол Реј Моралес ќе остане запаметен како еден од ракометарите кои ја испишаа таа златна страница. Неговите зборови: „Охрид секогаш ќе биде во моето срце“ се најубавата порака со која се збогува со клубот, градот и навивачите.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше во тешка позиција. Македонскиот репрезентативец влезе во 62. минута на местото...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски го објави списокот на фудбалери за дуелите со Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација ќе ги одигра последните два натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на нации против Шкотска и Словенија, а селекторот...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!