Ракомет

Официјално: Ориол Реј го напушти Охрид, кариерата ја продолжува во Полска!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид останува без еден од најважните ракометари во дефанзивната линија. Шпанскиот специјалист за одбрана Ориол Реј Моралес ја заврши својата епизода во охридскиот клуб и во новата сезона ќе настапува за полскиот вицешампион Висла Плок.

Македонскиот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп преку официјално соопштение потврди дека разделбата не била во плановите на клубот, но по барање на ракометарот била активирана излезната клаузула од договорот.

„ГРК Охрид ја информира јавноста дека Ориол Реј Моралес повеќе не е член на нашиот клуб. Иако клубот апсолутно не беше за разделба со еден од своите клучни дефанзивци пред истекот на неговиот договор, на барање на играчот беше активирана излезната клаузула, а полскиот шампион Висла Плок го откупи неговиот договор. Му благодариме на Ориол за посветеноста и придонесот во дресот на ГРК Охрид и му посакуваме успех и во понатамошната кариера“- се вели во соопштението од клубот.

ФОТО: ГРК Охрид

Реј, во Охрид пристигна минатото лето и за само една сезона остави силен белег во тимот. Тој беше еден од носителите на одбраната и даде значаен придонес во историската сезона, во која охриѓани го освоија првиот европски трофеј – ЕХФ Европскиот Куп.

ФОТО: РК Алкалоид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија веќе победи, притисокот е врз ривалите: реми во дербито најмногу би им одговарало на тетовци

Анализа пред денешното комплетирање на 12. коло во ПМФЛ Шкендија ја заврши својата задача во Штип, а денеска може дополнително да профитира од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен за „плус четири“, Скопје за врвот: по киксот на Тиверија, дербито доби дополнителна тежина

Поразот на Тиверија Брера од Каменица Саса отвори можност водечките екипи дополнително да се оддалечат од струмичанки. Христина Јовановска го реши неделниот дуел...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

РакометРакометна репрезентација

Лазаров со јасна цел пред новиот квалификациски циклус: Македонија оди по две победи!

Македонската ракометна репрезентација го отвора новиот квалификациски циклус со амбиција повторно да...

Ракомет

Вардар го доби вечното дерби, Пелистер немаше одговор за „црвено-црните“!

Вардар ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат и ја потврди лидерската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!