Турнири

ФОТО: АСП Пак го освои „Петровден 2026“ во Мешеишта, убедлива победа во финалето над Хотел и Спа Инекс Олгица

Сподели
ФОТО: Анамарија Момироска
Сподели

Екипата на АСП Пак е победник на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ откако во големото финале со високи 4:1 славеше над Хотел и Спа Инекс Олгица и фуриозно го подигна шампионскиот пехар.

Стефан Петрушески по четири минути игра го отвори резултатот за водство од 1:0, а во 18. минута беше постигна автогол за 1:1.

Во вториот дел Никола Угриноски во 24. минута погоди за 2:1, а во до крајот Кристијан Петкоски со два гола ја потврди победата од 4:1.

Во мечот за трето место екипата на Др. Батккоски со 3:4 во пенал рулетот беше подобра од Златара Бени Ерол, откако во регуларниот дел беше 2:2.

Нагиб Ахмедовски беше двоен стрелец за „златарите“, а за „стоматолозите“ погодија Саше Алулоски и Нацко Мурџески.

Во пенал серијата за Златара Бени Ерол погодија Сундим Фејза, Самет Кадриоски и Есмир Хајдароски. За Др. Баткоски погодија Нацко Мурџески, Саше Алулоски, Антонио Ќитаноски и Ненад Попоски.

Шампион е тимот на АСП Пак, вицешампион Хотел и Спа Инекс Олгица, третото место му припадна на Др. Баткоски, а пак Златара Бени Ерол е четврти.

Најдобар стрелец е Оливер Дишлиески, најдобра голман Оливер Митрески, најдобар играч Стефан Петрушески, а пак најдобар млад играч Љатиф Фератовски.

Спортска Мрежа и годинава медиумски го поддршка овој турнир, кој го имаше своето 51. издание.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но следниот предизвик бара ново докажување. Македонскиот шампион во среда, од 19...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата од 0:1 над Вардар во Скопје се доближи на само еден...

Поврзани написи
Турнири

(ФОТО) Power Team го освои првиот Меморијален турнир „Горан Трајчев“ во Кратово

Екипата на Power Team е победник на првиот Меморијален турнир во мал...

Турнири

Охрид подготвен за нова фудбалска приказна: Од 5 до 8 декември ќе се одржи Ohrid Winter Cup 2026

Охрид во зимски амбиент ќе биде домаќин на меѓународниот младински фудбалски турнир...

Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!