Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими се засили со Матео Софијаноски

Сподели
Сподели

Прволигашот Арсими го претстави дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски како најново засилување.

Се работи за 21-годишен фудбалер кој доаѓа од редовите на Македонија ЃП, каде што ланската сезона во дресот на „лавовите“ запиша 34 натпревари во Првата лига, со да гола и две асистенции и три натпревари во Купот на Македонија.

„21-годишниот фудбалер имаше бројни понуди од домашни и странски клубови, но одлучи да му верува на жолто-црниот проект и да му се приклучи на нашиот тим, со што ќе претставува дополнителна сила во средниот ред“, велат од клубот од Чегране.

Кариерата ја започна во Вардар, од каде се пресели во Њу Старс, беше дел од Воска Спорт, Брегалница, Тетекс и Македонија ЃП.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но следниот предизвик бара ново докажување. Македонскиот шампион во среда, од 19...

Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата од 0:1 над Вардар во Скопје се доближи на само еден...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Струга си отвори пат до врвот: по победата над Вардар, следува директен дуел со Шкендија

Струга Трим Лум ја искористи шансата што стоеше како можност: со победата...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Атлетико го доби градското дерби со Топ Гол, Евгенија Костовска го реши меч

Атлетико ја продолжува фантастична победничката низа и одлична форма со нова победа,...

Втора лигаФудбал

Охрид прв, но Работнички има натпревар помалку: Трката за есенски шампион во ВМФЛ е неизвесна

Охрид го задржа првото место, Пелистер остана веднаш зад него, а Работнички...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!