Ракомет

Ракометниот талент Методи Младеновски потпиша прв професионален договор со Младост од Богданци

Сподели
Сподели



Ракометниот клуб Младост 1977 продолжува да ја гради својата иднина преку развојот на сопствени кадри, а најнов доказ за тоа е првиот професионален договор на 17-годишното лево крило Методи Младеновски.

Младиот ракометар е производ на школата на Младост 1977 и ги помина сите младински категории во клубот. Со својата посветеност, дисциплина и континуиран напредок заслужи да добие професионална доверба и да направи значаен чекор во својата кариера. Воедно, Младеновски е и кадетски репрезентативец на Македонија.

Со овој потег, новиот суперлигаш уште еднаш покажува дека покрај засилувањата за претстојната сезона, сериозно вложува и во развојот на младите ракометари, кои треба да бидат носители на клупската иднина.

„РК Младост 1977 продолжува да ја гради својата иднина со сопствени кадри!
Со особена гордост објавуваме дека 17-годишното лево крило Методи Младеновски го потпиша својот прв професионален договор со нашиот клуб. Методи е дете на Младост 1977, ракометар кој ги помина сите младински категории, покажувајќи посветеност, дисциплина и голем потенцијал. Денес неговата работа е наградена со првиот професионален договор, а ова е само почеток на еден нов предизвик во сино-белиот дрес. Му честитаме на Методи и му посакуваме многу здравје, успеси и незаборавни моменти во дресот на РК Младост 1977. Заедно продолжуваме да ја градиме иднината на клубот !“

Младост 1977 во изминатиот период активно го формира ростерот за новата суперлигашка сезона, а потписот на Младеновски е уште една потврда дека клубот има јасна стратегија – покрај искусните засилувања, значајно место во проектот имаат и младите домашни таленти.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!