Ракомет

Бутел Скопје ја продолжи соработката со Стефан Зенговски до 2028 година

Сподели
ФОТО: РК Бутел Скопје
Сподели

Ракометниот клуб Бутел Скопје продолжува со задржување на костурот на тимот за наредните сезони, а најнов ракометар кој ја продолжи верноста кон клубот е Стефан Зенговски.

Десното крило стави потпис на нов двегодишен договор и ќе го носи дресот на Бутел Скопје најмалку до летото 2028 година.

Зенговски, покрај настапите за младинските категории, во изминатиот период се наметна и како дел од сениорскиот состав, а со новиот договор ќе продолжи да придонесува во развојот на тимот.

Бутел Скопје летово прави промени и го комплетира ростерот за новата сезона, во која ќе влезе под водство на новиот тренер Стојанче Стоилов.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија ги дозна противниците во Лигата на нации, Андов: Верувам во потенцијалот на оваа генерација!

Женската А фудбалска репрезентација на Македонија ги дозна противниците во новото издание на УЕФА Лигата на нации. На денешната ждрепка, одржана во Нион,...

ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше во тешка позиција. Македонскиот репрезентативец влезе во 62. минута на местото...

Поврзани написи
Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

Ракомет

Охриѓани со густ распоред во ноември: Пет натпревари, европски двомеч и големо дерби во Битола!

Ракометарите на ГРК Охрид ги очекува исклучително  напорен ноември, во кој ќе...

Ракомет

Вардар го сопре Пелистер, но следниот противник е само два бода зад него

Вардар со победата од 31:23 над Еурофарм Пелистер остана единствениот непоразен состав...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!