Турнири

Дивино ќе го предизвикува Фреигхт Оне, Перо и Тајфата на мегдан против Црна Река

Сподели
Сподели



Вечерва се играат полуфиналните натпревари на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кои носат повеќе од неверојатна фудбалска магија на теренот кај ООУ „Гоце Делчев“.

Во 21:15 часот стартува првиот возбудлив меч меѓу Црна Река и Перо и Тајфата, две силни екипи кои меѓусебно ќе ги одмерат силите како последен филтер за пласман во големото финале.

Еден час подоцна односно во 22:15 часот следува мега спектакл финале пред финале меѓу Фреигхт Оне и Дивино, радовишани против популарните „пици“ од Босилово.

Публиката ќе може да проследи натпревари кои ќе бидат повеќе „жешки“, каде секоја грешка ќе значи борба само за трето место, а триумф значи „билет“ за финале.

Овие два натпревари ќе можете да ги следите во живо на Спортска Мрежа, како медиумски покровител преку пренос на YouTube каналот на Спортска Мрежа.

Претходно, на програмата ќе бидат два натпревари во младински категории. Од 20 часот Серта 1 против Бирлик 1 во пионерска конкуренција, а пак од 20:30 е мечот меѓу Кристофер Кишнер против Резиденција Милеви финале во кадетска конкуренција.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Овче Поле пресилен со 11 гола, Саса убедлива со Слога Виница, радост за Огражден

Овче Поле тргна убедливо во новата сезона на Трета лига регион 3 откако во првото коло славеше до 11:0 над Тиверија. Тоше Манов...

Втора лигаФудбал

Охрид со Каланоски до нова победа, првенец за Новаци, Дуков носи радост за Кожуф, Пелистер убедлив против Шкупи

Охрид продолжува со добри резултати во Втората македонска фудбалска лига, откако на домашен терен со 2-1 го совлада Еуромилк ГЛ. Двата погодоци за...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!