Втора лигаФудбал

(ФОТО) Пелистер продолжува со „ремонтот“: Шест нови имиња во битолскиот состав

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со интензивното екипирање на тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако денес официјално претстави уште шестмина фудбалери кои ќе го носат зелено-белиот дрес.

Нови членови на битолскиот клуб се Данаил Тасев, Максим Славков и голманот Давид Илоски, додека во Пелистер се враќаат добро познатите Петар Љамчевски, Симеон Христов и Јорданчо Наумоски.

Тасев пристигнува од редовите на Тиквеш и треба да ја засили конкуренцијата во средниот ред, Славков е млад лев бек кој доаѓа од чешка Спарта Колин, додека 18-годишниот Илоски ќе ја засили голманската конкуренција по трансферот од Брера.

Големо внимание привлекува и враќањето на тројцата повратници. Љамчевски, Христов и Наумоски веќе го носеа дресот на Пелистер и добро ја познаваат клупската средина, па од нив се очекува со своето искуство да придонесат во остварувањето на клупските амбиции.



Битолчани во текот на летниот преоден рок направија сериозна реконструкција на играчкиот кадар. Покрај новите засилувања, клубот ги продолжи договорите со Кире Ристевски, Стефан Спировски, Христијан Грозданоски, Христијан Стојановски, Габриел Крстевски, Јован Мрмачовски и Натаниел Димовски, додека нов шеф на стручниот штаб е Борче Христов.

Од друга страна, клубот се раздели со Мирко Ивановски, Александар Ристевски, Андреј Јовчевски, Давид Ангелевски, Филип Бошковски и Вилдан Керим.

Со бројните промени во играчкиот кадар, Пелистер јасно покажува дека амбициите се насочени кон создавање силен и конкурентен тим, кој ќе се бори за брзо враќање во Првата македонска фудбалска лига.



Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!