Втора лигаФудбал

Камјани продолжува со градењето на тимот, Бесарт Реџепи е ново име во бело-зелениот дрес

Сподели
Сподели

Дебитантот во Втора лига, Камјани продолжува со активностите околу формирањето на составот за историската сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување за тимот е Бесарт Реџепи.

Младиот фудбалер во новата сезона ќе го носи бело-зелениот дрес, откако реши својот фудбалски пат да го продолжи во редовите на Камјани.

Реџепи потекнува од академијата на тетовска Шкендија, настапуваше и за Гостивар, Дрита, Борец, Воска Спорт и Арсими, а во редовите на Камјани носи и прволигашка искуство.

Од Камјани веруваат дека Реџепи со своите квалитети, посветеност и желба за напредок ќе биде значајно засилување за екипата во дебитантската сезона во второлигашкото друштво.

Камјани во сезоната 2026/27 ќе дебитира во Втората македонска фудбалска лига, а првиот предизвик ќе биде тежок – тимот ќе ја отвори сезоната со гостување во Битола против Пелистер, екипа која минатата сезона настапуваше во Првата лига.



Со новите засилувања и амбициозниот пристап, Камјани најавува дека ќе се обиде достојно да се претстави во новото натпреварување и да биде конкурентен во второлигашката конкуренција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 8. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!