Фудбал

Александар Ставрев со последен европски натпревар: Ќе суди Лига Европа на легендарниот „Драгао“!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Најдобиот македонски фудбалски судија Александар Ставрев заминува во пензија, тој заврши со судењето во мак-фудбалот, откако судеше на дуелот меѓу Работнички и Пелистер што беше негов последен натпревар како главен судија во македонскиот фудбал, а утре тоа ќе го стори и во европскиот фудбал.

УЕФА го делегирање Ставрев на натпреварот меѓу Порто и Мидтлијанд во шестото коло на Лига Европа, меч кој ќе се одигра на култниот „Драгао“.

Помошници на Ставрев ќе му бидат Дејан Костадинов, кој исто така ја завршува кариерата и Гоце Петрески, а четврт судија ќе биде Игор Стојчевски.

Со овој натпревар Ставрев на „Драгао“ става крај на неговата успешна кариера како најдобар фудбалски судија од Македонија и заминува во пензија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!