Кошарка

Лука Стојановски повторно во сино-белиот дрес, МЗТ Скопје го промовираше првото летно засилување

Сподели
ФОТО: КК МЗТ Скопје Аеродром
Сподели

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје го започна формирањето на тимот за новата сезона со ангажманот на првото летно засилување. Нов член на „сино-белите“ е македонскиот репрезентативец Лука Стојановски, кој официјално го стави потписот на договорот со клубот.

За 26-годишниот бек-шутер ова е враќање во добро позната средина, откако претходно беше дел од МЗТ Скопје во сезоната 2018/19. Во продолжение на кариерата настапуваше за Академија ФМП, Еуро Никел, а последните три сезони ги помина во екипата на Пелистер.

Стојановски во изминатиот период се наметна како еден од позначајните македонски кошаркари, со статус на стандарден репрезентативец и играч кој е дел од новата генерација на лидери во националниот тим.

Со неговото пристигнување, МЗТ Скопје ја започнува изградбата на составот кој во новата сезона ќе има амбициозна задача на три фронта – ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига.

Од клубот најавуваат дека трансферот на Стојановски е само почеток и дека во следниот период ќе има нови новости поврзани со екипата за сезоната што следува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од...

Кошарка

КФМ: Осум екипи ги исполнуваат условите за Првата кошаркарска лига – жени

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека по усвојувањето на жалбите од Арбитражната...

Кошарка

Старделов останува помошник тренер на КК Кожув, но ќе има и нова задача

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб...

Кошарка

Атанасов: Целта е победа на секој натпревар и атак на секој трофеј

По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, даде...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!