Ракомет

Охрид остана без посакуваната вајлд-карта, но ќе ја брани европската титула од ЕХФ Купот

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид ќе ја започне одбраната на трофејот во ЕХФ Европскиот Куп од второто квалификациско коло, а противникот ќе го дознае по ждрепката, кога ќе биде јасно кој ќе му се најде на патот меѓу победниците од првата рунда и екипите што директно се пласирани во второто коло, но не се носители.

Како актуелен освојувач на трофејот, македонскиот претставник ќе има статус на прв носител на ранг-листата за новата сезона, што значи дека до осминафиналето ќе биде сместен во првиот шешир на ждрепките.

ФОТО: ГРК Охрид

Меѓу потенцијалните противници на „гладијаторите“ се Ислингтон од Англија, Слога Добој од Босна и Херцеговина, АЕК Атина од Грција, Нербо од Норвешка, Динамо Панчево од Србија, Кремс од Австрија, Бурса од Турција, како и словачкиот Бојнице.

И покрај амбициите за настап во Лигата на Европа, Европската ракометна федерација не го прифати барањето на Охрид за вајлд-карта. Така, охридскиот состав и во сезоната што следува ќе биде дел од ЕХФ Европскиот Куп, натпреварување во кое минатата сезона ја испиша најголемата страница во клупската историја со освојувањето на трофејот.

ФОТО: ГРК Охрид

Одлуката на ЕХФ сигурно нема да ги промени амбициите на охриѓани, кои ќе имаат можност повторно да се докажуваат на европската сцена и да покажат дека минатогодишниот успех не беше случаен.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел...

Турнири

Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски се „распукаа“ за влез во полуфиналето на „Петровден 2026“ во Мешеишта

Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски многу лесно се пласираа во големото полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: РК Радовиш го формира тимот за новата сезона, потпишани десет ракометари

Ракометниот клуб Радовиш ги започна активностите околу формирањето на играчкиот кадар за...

Ракомет

Се враќа голгетерот: Наум Костов повторно во Куманово

Куманово ќе има добро познато име во своите редови за претстојната сезона,...

Ракомет

Талески потпиша за Охрид: „Охрид заслужува големи ракометни успеси“

ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на играчкиот кадар за новата сезона,...

Ракомет

Ракометарките на Струга 2024 на прием кај градоначалникот Ќура по успешната сезона и освоеното трето место

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со ракометарките на Женскиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!