Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал направи три промени во составот за дуелот со Луксембург

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Селекторот на македонската сениорска кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, направи три измени во ростерот за утрешниот натпревар против Луксембург, последен во првата фаза од претквалификациите за пласман на Евробаскет 2029.

Македонската репрезентација веќе пристигна во Луксембург, каде денеска ќе го одржи и првиот тренинг пред натпреварот со домашната селекција.

По убедливата победа над Ирска (77:56), со која Македонија го обезбеди првото место во групата „А“ и пласман во следната квалификациска фаза, Берокал се одлучи за три кадровски промени.

На местото на натурализираниот кошаркар Ди-Џеј Стјуард, во составот за гостувањето е вклучен Нејт Сестина. По успешно одработените подготовки, Сестина е подготвен да го забележи својот официјален деби во дресот на Македонија.

Во конкуренција за настап нема да бидат Андреј Јакимовски и Марко Луканоски.

Јакимовски, со согласност на стручниот штаб, доби дозвола да го напушти националниот тим поради претходно преземени приватни обврски поврзани со неговата преселба во Италија.

Луканоски, пак, ќе им се приклучи на подготовките на репрезентацијата до 20 години, која ги привршува подготовките за настапот на Европското првенство од Дивизија „Б“ во Братислава. Стручниот штаб процени дека неговото присуство ќе биде значајно за младинската селекција пред почетокот на шампионатот.

Македонија ќе го одигра натпреварот против Луксембург со десет кошаркари во ростерот, со цел да ја запише и шестата победа во претквалификациите и со максимален ефект да ја заврши првата фаза од циклусот за Евробаскет 2029.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!