Прва лигаФудбал

Лука Георгиев на радарот на Данска и Шведска по блескава сезона во Брегалница

Сподели
Сподели



Брегалница минатата сезона стана шампион во Втората македонска фудбалска лига и обезбеди враќање во елитата.

Еден од најзаслужните за ваквиот успех беше младиот офанзивен играч од средниот ред, Лука Георгиев, кој со своите настапи беше вистински мотор на штипскиот состав. 22-годишниот фудбалер ги решаваше дерби натпревари кога се освојуваа најважните бодови за остварувањето на целите со силни конкурентни.

Токму неговиот еврогол против Охрид кога „сините“ ги добија „рибарите“ со минимални 1:0 во Штип, како и асистенцијата за победата над Скопје, беа моменти што ја одбележаа сезоната, а важна улога одигра и во дуелите со Шкендија Арачиново, каде Брегалница ги освојуваше клучните бодови на патот кон првото место, откако во гости „сините“ беа подобри, а дома одиграа нерешено.

Георгиев претходно се развиваше низ фудбалски академии во Германија, а во домашниот фудбал настапуваше за Осогово од Кочани, АП Брера Струмица и радовишки Детонит Плачковица, пред да пристигне во Брегалница и да ја има својата најдобра сезона досега.

Според информации на Спортска Мрежа, веќе има конкретен интерес од клубови од Скандинавија, поточно од Данска и Шведска. Интересот доаѓа како резултат на неговите одлични настапи и клучната улога во враќањето на Брегалница во елитата, за што и самиот фудбалер потврдува за Спортска Мрежа.

Зад Лука Георгиев е исклучително успешна сезона, а сега следува период во кој ќе треба да донесе важна одлука за продолжување на кариерата – дали ќе остане во домашниот фудбал или ќе направи трансфер во странство, каде веќе има отворени понуди од северот на Европа.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!