Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Службена победа за Скопје, суспензија за теренот на ФК Каменица Саса

Сподели
Сподели

Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го регистрираше натпреварот од 15. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Каменица Саса и ФК Скопје со службен резултат 0:3 во корист на гостинската екипа.

Натпреварот, кој се одигра во Македонска Каменица, беше прекинат во 71. минута при резултат 1:1. Дополнително, комисијата одлучи да го суспендира теренот на ФК Каменица Саса за одигрување на натпревари. Суспензијата ќе важи до конечната одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ.

“Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот ФК Каменица Саса – ФК Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи”, се вели во соопштението на ФФМ.

Сега Саса е шестта со 24 бодови, а Скопје е осми со 22.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!