Ракомет

Македонскиот бисер Димитар Узунчев официјално потпиша за Целје: Настапите во Лигата на шампионите се остварување на мојот ракометен сон

Сподели
ФОТО: РК Целје
Сподели

Еден од најталентираните македонски ракометари, Димитар Узунчев, и официјално е нов член на словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко, откако потпиша договор до 2028 година, со можност соработката да биде продолжена за уште една сезона.

Дваесетгодишниот десен бек пристигнува во еден од најреномираните европски клубови за развој на млади ракометари, каде ќе го засили составот по повредата на Мај Маргуч. Во новата сезона ќе ја дели позицијата на десен бек со искусниот Жига Млакар, а во Целје ќе го носи дресот со број 10.

Од словенечкиот шампион истакнуваат дека Узунчев е еден од најголемите таленти во македонскиот ракомет, што го потврдува и признанието за најдобар млад играч во македонското првенство. Во клубот веруваат дека неговата брза и експлозивна игра совршено ќе се вклопи во препознатливиот стил на Целје.

Во изминатата сезона Узунчев како позајмен ракометар од Алкалоид настапуваше за Бутел Скопје, каде беше еден од најдобрите играчи на тимот. На 31 натпревар постигна 134 голови, со што го привлече вниманието на повеќе странски клубови, а кариерата ќе ја продолжи во словенечкиот шампион, кој следната сезона ќе настапува и во Лигата на шампионите.

Македонскиот репрезентативец потекнува од ракометната школа на Партизан Гевгелија, а низ својата кариера беше дел од сите помлади репрезентативни селекции на Македонија. На Светското младинско првенство во 2025 година беше меѓу најдобрите стрелци на турнирот, завршувајќи во ТОП 10 со 49 голови од 71 обид.

Главниот тренер на Целје, Клемен Лужар, објасни дека клубот барал решение по повредата на Маргуч и дека изборот паднал токму на македонскиот репрезентативец.

„Со оглед на тоа што Мај Маргуч ќе биде отсутен подолг период, баравме решение за неговата позиција. И понатаму сакаме да ја следиме нашата филозофија, која се темели на млади таленти и брза игра. Убедени сме дека Димитар може да ја пополни таа празнина. Тој е сличен тип на играч како Мај и во штотуку завршената сезона беше еден од најдобрите млади играчи во силната македонска лига. Беше член на сите помлади репрезентации, па има и меѓународно искуство. Ова сигурно ќе биде голем чекор напред и за него и ми е драго што се одлучи за Целје“, изјави Лужар.AC

По официјалната промоција, своите први впечатоци ги сподели и Узунчев.

„За мене трансферот во РК Целје Пивоварна Лашко е голем чекор во кариерата и пред сè голема чест. Целје е клуб со богата традиција, кој одлично развива млади играчи. Среќен сум што ќе бидам дел од оваа приказна. Настапите во Лигата на шампионите се остварување на мојот ракометен сон и сигурен сум дека тоа дополнително ќе ми помогне да напредувам како играч. Ќе го дадам својот максимум за да ја оправдам довербата и да му помогнам на тимот да оствари што подобри резултати.“

Во Целје не ја криеја радоста од ангажманот на младиот Македонец, за кого велат дека е исклучително борбен и посветен ракометар, а на Узунчев му посакаа многу голови и успешни настапи во сино-жолтиот дрес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Третолигашот Ржаничино ја продолжи соработката со Калач, Здравковски и Тасевски

Третолигашот Ржаничино активно работи на ростерот за следната сезона, откако овој скопски клуб ја продолжи соработката со уште три фудбалери. И во новата...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш утре го има првиот предизвик во Турција – ривал е рускиот суперлигаш Балтика

Тиквеш влегува во главниот дел од подготовките во Турција, каде во наредниот период ќе одигра повеќе контролни натпревари како дел од подготовките за...

Поврзани написи
Ракомет

Томче Трајчевски се раздели со РК Радовиш

Ракометниот клуб Радовиш остана без услугите на кружниот напаѓач Томче Трајчевски, откако...

Ракомет

Нов предизвик за Орјоникидзе – потпиша за романска Турда

По неколкумесечна пауза од клупски ангажман, грузискиот интернационалец Теимураз Орјоникидзе повторно ќе...

Ракомет

Еден од хероите за европската титула повторно ќе го носи дресот на Охрид!

ГРК Охрид ја обезбеди иднината со еден од хероите заслужни за европската...

Ракомет

Тиквеш продолжува со засилувањата, младиот Борјан Цековски пристигна во Кавадарци

ГРК Тиквеш продолжува да го комплетира ростерот за новата сезона, а ново...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!