ИнтернационалциФудбал

Македонски судии добија европски задачи во Лигата на шампионите и Конференциската лига на УЕФА

Сподели
Сподели

Македонското судење повторно ќе има свои претставници на европската сцена, откако УЕФА им довери натпревари од квалификациите за Лигата на шампионите и Конференциската лига на три судиски четворки од нашата земја.

Првиот предизвик ќе го има Влатко Илиоски, кој како главен судија ќе го води дуелот од Конференциската лига меѓу Алашкерт од Ерменија и Елимаи од Казахстан. Негови помошници ќе бидат Владимир Митревски и Борис Трајков, додека четврти судија е Пларент Салихи. Натпреварот е закажан за 9 јули.

Во квалификациите за Лигата на шампионите, Игор Стојчевски ќе ја предводи судиската четворка на натпреварот меѓу Атерт Бисен од Луксембург и Клаксвик од Фарските Острови, кој ќе се одигра на 15 јули. Покрај него ќе бидат асистентите Вјолца Изеири и Тоше Ицев, а улогата на четврти судија ќе ја има Фатмир Бафто.

Само еден ден подоцна, на 16 јули, европски ангажман ќе има и Стојанчо Трпчевски. Тој ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу естонски Паиде и литвански Хегелман во рамки на Конференциската лига. Асистенти ќе му бидат Гоце Петрески и Мартин Петковски, додека Бенњамин Ќерими е назначен за четврти судија.

Новите делегирања од УЕФА претставуваат уште една потврда за довербата што Европската куќа на фудбалот ја има во македонските арбитри, кои и ова лето ќе ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на...

ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!