Младински фудбалФудбал

Реми на Плачковица и Љуботен, фаворитите Скопје 2014, Топ Гол и Кочани со убедливи победи

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вчера се одиграа натпреварите од 11. коло на Кадетската женска фудбалска лига, каде фаворити одиграа според планот остварувајќи ја својата цел за трите бодови.

Билјанини Извори и Порече ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Сара Матеска по 5. минути постигна гол за 1:0, а пак Маја Крсмановиќ ги постави конечните 1:1.

Плачковица и Љуботен ги поделија бодовите откако одиграа 1:1. Тимот од Тетово преку Јована Савеска уште во 2. минута дојде до предност од 0:1 со која замина на полувреме, а во вториот дел Теодора Секулова ги постави конечните 1:1.

Топ Гол со убедливи 4:0 славеше над Каменица Саса преку двата гола на Коњановска и погодоците на Трајческа и Георгиевска.

Триумф од 0:4 запиша и тимот на Кочани кој славеше над Ускана во Кичево каде двојни стрелци беа Трајчова и Јаневска.

Есенскиот шампион Скопје со 0:6 запиша висока победа над Шкендија Тетово, во меч каде најдобрите стрелци Глорија Тодорова и Јована Секулоска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Тамаара Атанасовска и Рејхане Нухи.

Тиквешанка преку погодоците на Настова и Хамза запиша триумф од 2:0 на домашен терен, а пак дебитантот Башкими славеше минимална победа од 1:0 над Џиџи на домашен терен со голот на Фјола Авдиљи.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД КАДЕТСКАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК СКОПЈЕ 2014 10 10 0 0 95 3 +92 30
2 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 10 8 1 1 28 5 +23 25
3 ЖФК КОЧАНИ 11 8 1 2 31 11 +20 25
4 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово 11 6 1 4 10 16 -6 19
5 ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 11 6 1 4 13 28 -15 19
6 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 10 6 0 4 29 20 +9 18
7 ЖФК Башкими 2024 10 5 0 5 17 24 -7 15
8 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 11 4 1 6 11 21 -10 13
9 ЖФК ЏИ-ЏИ 11 4 1 6 18 33 -15 13
10 ЖФК ПЛАЧКОВИЦА 11 3 3 5 10 12 -2 12
11 ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 10 2 4 4 13 20 -7 10
12 ЖФК ТИКВЕШАНКИ СМ 10 1 2 7 4 31 -27 5
13 ЖФК Ускана 11 1 2 8 4 37 -33 5
14 ЖФК ЉУБОТЕН 11 1 1 9 13 35 -22 4

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!