Останато

Ѓорческа ќе игра против финалистката од ланскиот Вимблдон

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

По историскиот успех и пласманот на главниот турнир на Вимблдон, кој го обезбеди со три победи во квалификациите, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го доби својот противник за првото коло.

Ѓорческа ќе се соочи со Аманда Анисимова од САД, која е поставена за шеста носителка на турнирот и важи за една од најдобрите тенисерки во светот.

Американката минатата година стигна до финалето на Вимблдон, каде беше поразена од Полјачката Ига Швјонтек со убедливи 2-0 во сетови (6:0, 6:0). Анисимова зад себе има и финале на УС Опен, што доволно говори за нејзиниот квалитет и искуство на најголемите светски турнири.

Иако ја очекува исклучително тежок предизвик, самиот пласман на Ѓорческа во главната ждрепка претставува голем успех за македонскиот тенис. Со трите победи во квалификациите таа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис, а настапот против една од фаворитките на турнирот ќе биде можност да се одмери со самиот светски врв.

Дуелот меѓу Ѓорческа и Анисимова ќе биде нивен прв меѓусебен натпревар.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци. Првиот меч...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: По блесокот во Норвешка, Изабела Зајков се подготвува за Светското првенство во Полска

Младата македонска натпреварувачка во бразилско џиу-џицу (BJJ), Изабела Зајков, зад себе има...

Останато

Историски успех за Лина Ѓорческа – избори учество на Вимблдон

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва...

Останато

Охрид повторно беше домаќин на еден од најзначајните ИТФ таеквон-до настани во регионот

На 20 јуни 2026 година, во спортската сала „Билјанини Извори“, во организација...

Останато

Марко Алексовски двоен шампион на „Црна Река Опен 2026“ во Кавадарци

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски продолжува да реди успеси на меѓународната сцена....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!