Останати репрезентацииРепрезентација

Ивановски и Приходко изборија полуфинале на турнирот во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко продолжуваат со одличните настапи на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако со две победи во четвртфиналето обезбедија место меѓу четворицата најдобри тенисери на турнирот.

Ивановски во уште еден исцрпувачки меч го совлада третиот носител, Шпанецот Хавиер Баранко Косано, со 2-0 во сетови (7:6(4), 7:5). Идентично како и во претходното коло, македонскиот тенисер славеше без загубен сет, а до триумфот стигна по два часа и 35 минути игра. Во првиот сет двајцата тенисери направија по еден брејк, по што Ивановски беше посмирен во тај-брејкот. Решавачкиот момент во вториот сет се случи во 12. гем, кога македонскиот тенисер направи брејк и го завери пласманот во полуфиналето.

Сигурен настап имаше и Олег Приходко, кој за само 90 минути го совлада Гркот Димитрис Сакеларидис со 2-0 во сетови (6:4, 6:3). Приходко го контролираше натпреварот во текот на двата сета и заслужено обезбеди место во следната рунда.

Во полуфиналето Ивановски ќе игра против победникот од дуелот меѓу Божо Барун и Андреј Чепелев, додека Приходко за противник ќе го има подобриот од мечот Себастијан Зоргер – Кумоин Султанов.

Покрај настапот во сингл конкуренција, Калин Ивановски денеска ќе игра и во полуфиналето на турнирот во двојки. Заедно со Амар Хусеиновиќ, македонскиот тенисер ќе се соочи со грчката двојка Елефтериос Неос и Петрос Циципас, во обид да избори место и во финалето.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Победа Валандово славеше среде Свети Николе и се одвои на врвот: Шата херој на „Калинкарите“, без голови во Берово и Виница

Победа Валандово оствари минимален, но исклучително важен триумф на гостувањето кај Овче Поле. „Калинкарите“ славеа со 0:1 среде Свети Николе во дербито на...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Ржаничино ја прегази Медана, Победа Валандово го декласираше Топ Грлс, три бода за Башкими

Денес беа одиграни три натпревари од 2. коло во Втората женска фудбалска лига. Рундата не е комплетна и ќе биде затворена на 8...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!